За проектот

За Проект за младинско информирање

 

Проектот за младинско информирање (Youth Expression Project) се спроведува од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – ЉОЈА и е финансиран од Европската Унија.

Целта на проектот е да се придонесе кон тоа младите да станат лидери во промоција на слободата на изразување, човековите права и интеграција и двигатели на промена за слободно и општествено одговорно инклузивно општество. Оттаму, проектот е креиран во насока на вклучување на младите во општествените процеси на носење одлуки, со акцент на креирање простор за изразување на мислењата и погледите на младите. Во состојба на оддалеченост на младите од општествените текови и образовен систем кој не создава подготвеност за граѓанско вклучување, овој проект нуди можности за активно граѓанство на младите и слободно изразување на своите мисли и потреби преку обуки, јавни настани и кампањи со кои ќе допрат до засегнатите страни, но и целокупната јавност.

Проектот отвора простор за градење на капацитетите на граѓанските организации во полето на слобода на изразување. Во рамки на проектот ќе бидат отворени повици за поддршка на проекти за два циклуси на регрантирање на граѓански организации кои делуваат како промотери на слободата на изразување во локалните заедници.

Проектот се реализира од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020.

Ghost of Tsushima for PC

KMSpico download

MX Player for PC

friday night funkin download tv express apk freefire pc  Ativador Windows 8, 8.1

Сподели