ПОВИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ

Младински образовен форум (МОФ) објавува отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачка академија за млади. Програмата има за цел да поттикне активно вклучување на младите од сите региони на земјата преку зајакнување на нивните истражувачки капацитети и создавање мрежа на млади истражувачи кои ќе работат на теми од значење за младите.

Оваа активност ја овозможува регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, којшто го финансира Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Активности во рамки на програмата:

– 4-дневна Истражувачка академија за млади (Research Academy) за развој на истражувачки вештини, методологии и дизајн на проекти (14–17 октомври 2025).
– Менторирано теренско истражување кое опфаќа собирање и анализа на податоци со поддршка од искусни истражувачи.
– Јавна презентација на истражувањата на завршен настан организиран од МОФ.

Услови за пријавување

– Да бидат млади лица на возраст од 18 до 26 години (студенти или дипломирани).
– Да покажуваат интерес за истражувања во областа на образованието, младинските политики, како и социјални и политички прашања од важност за младите.
– Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво.
– Да бидат во можност да присуствуваат на Истражувачката академија (14–17 октомври 2025, надвор од Скопје).
– Да работат во тим и да учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од октомври 2025 до април
– Да го презентираат своето истражување на завршниот настан организиран од МОФ.

Пријавување

Сите заинтересирани млади истражувачи можат да се пријават индивидуално или како тим (најмногу тројца истражувачи).

За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

– CV на апликантот/ите;
– Резиме за предлог-истражување (на една страница раскажете ни што сакате да истражувате).

Резимето, може да биде доставено индивидуално или како група. Изборот ќе го врши однапред формирана комисија.

Рок за аплицирање

Крајниот рок за поднесување на пријави е 4 октомври 2025 година на следниов линк: https://forms.gle/tfQrNi2ieZqqsCAD6

Контакт

За сите прашања и појаснувања поврзани со повикот, апликантите можат да нè контактираат на info@mof.org.mk.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: