Млади во Западен Балкан – Повик за национална МЛАДИ награда 2025

Младински образовен форум распишува конкурс за МЛАДИ награда во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“.

Тема на годинешниот конкурс е:

  1. „Различноста како сила: Младите и нивната солидарност за подобро општество“

Доколку имаш добра идеја и сакаш да ја реализираш, ова е одлична прилика за тебе!

Целта на овој конкурс е поттикнување на младите да размислуваат критички и да ги изразат своите ставови за темите медиумска писменост и интеркултурен дијалог, солидарност и различност. Ги охрабруваме учесниците да истражат начини како интеркултурниот дијалог може да придонесе за подобро разбирање во општеството и како медиумската писменост може да помогне во остварувањето на таа цел, особено со оглед на моменталната состојба во земјата и актуелните граѓански движења низ државата.

Кои се условите?

  • Да си млада личност од 15 до 30 години
  • Да живееш во Македонија

Ги исполнуваш условите, што понатаму?

  • Избери некој од мултимедијалните формати – подкаст, напис, мим, видео, фотографија или било кој друг формат што ти одговара
  • Работите мора да бидат оригинални и досега необјавени
  • Важно е ти да бидеш целосен автор/ка (без туѓи фотографии, видеа или текстови)
  • Нема да се земе предвид содржина што шири/поттикнува/промовира говор на омраза и насилство

Рок за пријава: 30 септември 2025 година до 23:59 часот.
Пријавите можеш да ги испратиш на
мејл адресата info@mof.org.mk со назнака „МЛАДИ награда“.

А што е наградата?

Победникот/чката во категорија мултимедијална содржина ќе добие хонорар во износ од 24.000 дeнари бруто.

Критериуми за оценување:

Работите ќе се оценуваат според следниве критериуми:

  • Оригиналност и креативност
  • Квалитет на аргументацијата и размислувањето
  • Релевантност на темата

Прогласување на победникот/чката

Победниците ќе бидат известени преку е-маил на 5 октомври 2025. Резултатите ќе бидат објавени и на социјалните мрежи и вебсајтот на МОФ.

Покрај тоа, доделувањето на симболична награда во вид на плакета ќе биде организирана на 21 октомври на завршната конференција на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“ во Белград. Местото и времето ќе бидат навремено соопштени на победникот/чката. Превозот и сместувањето ќе бидат покриени од Институтот за медиуми и различности – Западен Балкан. Со победникот/чката на националната награда по доделувањето ќе биде потпишан Договор за авторско дело, по што ќе биде исплатен хонорарот, најдоцна 30 дена од прогласувањето. Присуството на доделувањето на наградата е задолжително.

Во тек е и конкурсот за регионалната награда, а повикот можеш да го погледнеш овде.
Среќно! ☺

Оваа активност Институтот за медиуми и различности – Западен Балкан ја спроведува во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“ заедно со партнери од Босна и Херцеговина (ОНАуБИХ), Северна Македонија (Младински образовен форум) и Црна Гора (Форум МНЕ).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: