Вредни и креативни млади од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, во тандем со искусни новинари и медиумски едукатори, работеа заедно на летниот камп за медиумска писменост кој се одржа во Мојковац, Црна Гора, од 19 до 22 јуни 2025 година.
Кампот им понуди на учесниците интензивна обука во препознавање дезинформации, медиумски стереотипи и говор на омраза, како и развој на позитивни наративи преку мултимедијални формати – видеа, подкасти, текстови и креативни објави за социјални медиуми.
Работата се одвиваше во интеркултурни тимови, каде младите заеднички развиваа идеи инспирирани од нивната реалност и регионалниот контекст. Под менторство на Огнен Јанески од Македонија, Николина Павичевиќ од Црна Гора и Тахир Жустра од Босна и Херцеговина, тимовите започнаа продукција на медиумска содржина што ќе биде објавена оваа есен.
Продолжуваме со менторскиот процес и со нетрпение го очекуваме финалниот производ!