Барање за измени на Предлог Закон за данок

Барање за измени на Предлог Закон за данок на личен доход од група граѓански организации

 

Барањето се однесува на менување на една од точките во предложените измени во Закон за данок на личен доход. Конкретно, во предлог измените на законот се предлага измена која ќе се одрази негативно на работата на здруженијата на граѓани и организациите, а најмногу на младинските организации и организациите кои работат за млади.

Организациите сметат дека доколку остане предложената измена во законот за оданочување на трошоците за сместување, храна и пат за настани над 5 денови организирани од здруженија на граѓани и фондации, ќе бидат оштетени граѓанските организации и корисниците на нивните активности. Посебно ќе бидат оштетени младинските организации и младите кои ги користат нивните програми. Сметаме дека образложивме зошто овој предлог е неоснован, не е потркепен со анализи, во спротивност со постоечките програми кои се спроведуваат во Македонија и непожелен за младите.

Во барањето организациите истакнаа – „Нашата земја и нејзините институции треба во прв план да ги стават младите, кои се една од социјално загрозените групи и категорија која масовно си заминува од земјата. Наместо да се стават младите и работата на младинските организации како приоритет, со ваква измена само се прави штета врз нивните можности и работа.“

Поднесеното барање до Министерство за финансии можете до го прочитате во целост тука. Барањето го поддржаа 84 граѓански организации.

Сподели