Изложба на Ива Станковска – „Cult+Alt+Repeat“

Овој четврток сите сте поканети да дојдете во дворчето на МОФ! Овој настан претставува одлична прилика за култруна младинска дружба, проследена со изложба на прекрасната Ива Станковска.

Покрај сите непредвидливи ситуации со вирусот, пандемијата, препреките и ограничувањата на  секојдневното егзистирање и функционирање – од исклучителна важност е константноста при негувањето на културата и насочувањето на младите луѓе кон конзумација на што е можно поголем број на културни содржини. Поради овие причини, сите сте поканети на дружба и воздигнување на културата во дворчето на МОФ.

 

Ива Станковска е дипломиран сликар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа е една од најактивните млади сликари во Скопје. Има изработено стотици и стотици дела за само неколку години (вклучувајќи ги и 300-те дела што ги изработи за време на нејзината 4-та година на факултет). Исто така, има учествувано во голем број групни и самостојни изложби и колаборативни проекти.

Ива за себе вели: Што и да правам, јас гледам материјали или околности и барам начин да направам некаква уметност… не дека јас земам некој материјал и си викам дека ова мора да стане уметност. Мојот процес не е да земам бело платно оптегнато на блинд-рамка и да земам четки, па да седам и да мислам како тоа ќе го направам во уметност. Нештата што мислам дека треба да бидат изложени се околу мене. Не секогаш се направени со намера. Наоѓам нешто што ми се допаѓа и продолжувам да работам во таа насока. Професорите во средно ни кажуваа дека Пикасо велел дека уметноста ќе те најде на работа. Ќе те најде додека си упорен и продуктивен.

 

По повод „Cult+Alt+Repeat“, МОФ гостуваше во МРТ

Теодора Столевска од МОФ гостуваше во МРТ, по повод мофовското културно лето во дворот на Радио МОФ и Младинскиот образовен форум. Досега, во рамките на програмата се беа изложени фотографиите на (име), ДЈ сет со К-Р-К, како и гледање на иднината на тарот карти.

Културното лето во МОФ трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн.

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.

[Галерија] „Cult+Alt+Repeat“ – гледање на тарот со Нате

Преку „Cult + Alt + Repeat“ вчеравечер ѕирнавме во иднината преку шпилот тарот карти на Нате, но слушавме и добра музика. Точно на самрак, Наталија го отвори шпилот карти и по повод Денот на млади, ја предвиде иднината на младите. Вели дека е светла.

Погледнете ја галеријата која опфаќа дел од атмосферата низ фотографиите на Ана Павловска и МОФ.

Културното лето во МОФ трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн.

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.

ДокуНикулци на „Cult+Alt+Repeat“

Културното лето во Младинскиот образовен форум продолжува во понеделник, 16 август, кога во дворот ќе бидат прикажани шест кратки македонски младински филмови од Докуникулци, Македокс.

Со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Адолесцензура“, „Поглед во очите“, „Поинакви“, „Лог Аут“, „Скопска Ситуација’18“ и „Низ објективот на копнежот“.

„Работилниците за млади артисти, кои ги организираат Македокс, се одлично место за проширување на знаењата и вештините во документаристиката. Учеството во овие работилници е бесплатно. Тие поддржуваат млади луѓе кои имаат храброст да се изразат креативно и слободно, кои се спремни да се впуштат во авантури и да научат нешто повеќе за креирањето филмови. Дојдете во понеделник да влеземе во филновите на овие млади креативни луѓе – навистина имаат што да кажат. Се гледаме во дворче!“, велат организаторите.

Влезот за настанот е бесплатен, а повеќе детали за филмската програма се достапни тука.

Младински образовен форум го одбележува Денот на младите со серија активности

Младински образовен форум го прославува Денот на млади, 12 август. Денот на младите ќе  го одбележиме со акција за уредување на јавен простор, презентација на истражување, презентирање на клубовите на МОФ, нова епизода од емисијата „На час“, а вечерва во дворот на МОФ, во рамки на културното лето, ќе ја предвидиме младинската иднина на тарот карти.

МОФ со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер организира прес-конференција за промоција на истражувањето „Социо-политичко учество на младите во Северна Македонија: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“.

Прес-конференцијата ќе се случи денес во Млади Хаб  со почеток од 11:00 часот, а ќе трае околу 1 час. Стримот од претставувањето на истражувањето ќе може да го проследите на нашата Фејсбук страна.

На прес-конференцијата ќе бидат презентирани наодите од истражувањето за социо-политичко учество на младите и влијанието на КОВИД-19 кризата врз младите во Северна Македонија, кое МОФ го спроведе по втор пат. По презентацијата на наодите и заклучоците ќе бидат споделени и препораки за унапредување на позицијата на младите во нашата земја.

Организираме и младинска акција во Општина Долнени. Учениците, родителите и наставниот кадар од три општински училишта – ОУ „Пере Тошев“, ОУ „Али Фетхи Окјар“ и СОУ „Рилиндја“ во соработка со вработени од општина Долнени и Јавното комунално претпријатие во општината ќе спроведат акција за разубавување на дворот на средното општинско училиште „Рилиндја“. Оваа мобилизираност во заедницата ќе овозможи уредување на училишниот дворот со нова урбана опрема, заштитна ограда на дворот, но и збогатување на училишното зеленило со нови зимзелени садници.

Оваа активност се спроведува во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, со поддршка од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Оваа година, во глобалниот фокус на Денот на млади е темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“.

За оваа тема во новата епизода „На час“ зборуваме и дискутираме со професорката Душица Санта од ФЗНХ, Ирина Јаневска од АРНО и Ана Тодоровска од „Добра земја“. Следете не во 13 часот, на ФБ страницата на Радио МОФ!

Видео дискусијата е направена во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Со почеток од 18 часот,  на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, Младинскиот образовен форум ќе учествува на штанд на граѓански организации со цел да промоција на своите клубови и активности. Доколку сакате да се запознаете со работата на МОФ или пак сте заинтересирани за дебата, учиме право, активизам и новинарство, но и истражување и претприемништво, се гледаме во МСУ.

Потоа продолжуваме на дружба и забава во нашето дворче. Во склоп на културното лето во МОФ „Cult+Alt+Repeat“ –гледање на Тарот со Нате ќе пробаме да ѕирнеме во иднината со Нате, која во 18:30 часот ќе го прогласи шпилот за отворен!

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.

Се гледаме во МОФ, среќен Ден на Млади!

 

[Галерија] „Cult+Alt+Repeat“ – DJ сет на К-Р-К

Преку „Cult + Alt + Repeat“ минатиот петок шизевме и слушавме квалитетна електронска музика од одличниот Крсте Стефановски. К-Р-К има настапувано на многу локации низ нашите простори – АМОК радио, Noods радио, како и Shortbus. Секаде каде што настапува, остава културен белег и печат за понатамошно развивање и делување помеѓу музичките лавиринти.

Погледнете ја галеријата која опфаќа дел од атмосферата од петочната журка, низ фотографиите на Ана Павловска.

Културно лето во МОФ трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн.

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.

Cult + Alt + Repeat – културно лето во МОФ

Се враќаат пеколните горештини, па Младинскиот образовен форум Ве поканува да ни дојдете дворче да се разладиме со малку култура и мнооогу лед. Сите сте поканети на нашето МОФовско културно лето!

Од 28 јули до 30 август, нашиот двор е отворен за социјализација, запознавање нови луѓе, слушање квалитетно музиче, креирање, творење, забавување, јога и многу други интересни активности кои ќе ги објавиме наскоро. Влезот е бесплатен.

Преглед на априлските активности на Младинскиот образовен форум

Младински образовен форум во чии рамки активни се неколку младински програми и тоа дебата, учиме право, медиа/арт, клубови за демократско учество, новинарски клуб и клубови за претприемништво,  направи преглед на своите априлски активности.

Во рамки на Дебатната програма се одржа второто Онлајн национално дебатно првенство, од 23 до 25 април. На првенството учествуваа 15 тима ширум Северна Македонија кои се бореа за победничките позиции на турнирот.

Првенството го освои тимот „Оревите“, составен од Леонардо Змајшек, Лука Кадриќ и Митко Неданоски. Исто така ги добивме и петте најдобри говорници кои ќе ја претставуваат Северна Македонија на Светското првенство во форматот „World Schools“, организирано од страна на Макау. Говорниците се Леонид Сајков, Георгина Петреска, Љубен Атов, Фросина Кекеновска, Карла Станков.

Наградите за Националното дебатно првенство 2021 се поддржани од АРС Ламина.

Онлајн национално дебатно првенство

Додатно, започна работата на младинските кампањи во склоп на проектот „Младински пакети и ангажираност преку младински кампањи“, поддржан од Фондација отворено општество – Македонија, кој МОФ го спроведува во соработка со „Еквалис“, „Хера“ и „Психотерапика“.

Во склоп на програмата Младински активизам се одржа второто онлајн издание на конференцијата за социјален активизам кај младите – „Еngage youth“. Конференцијата „Engage youth“ виртуелно спои млади активисти кои споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, инклузија, слобода на говор, активизам на јавен простор, технологија и иднина на образование. Настанот се одржа на 27 април, на платформата за видео комуникација „Зум“, ја проследија над 100 млади луѓе како на „Зум“ така и преку стрим преносот на Фејсбук и беа поставени над 25 прашања од публиката. Конференцијата беше пренесена и на знаковен македонски јазик.

Второ онлајн издание на „Engage Youth“

Тимот на Програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики одржа неколку состаноци со претставници на државните институции, презентирајќи им го документот „Млади во криза 2.0 – Ефекти од пандемијата врз младите и препораки до институциите“. Беа одржани состаноци со советникот за млади и советникот за труд и социјална политика, Ѓорѓи Тасев и Милан Живковиќ, со Заменик-Премиерот Фатмир Битиќи, со министерката за образование и наука, Мила Царовска, со директорот на агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски како и со Клубот на млади пратеници во рамки на Собранието на РСМ. На состаноците беа презентирани податоците од истражувањето како и препораките кои имаат за цел да ги намалат односно превенираат штетите од пандемијата врз младите.

Средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска

Во рамките на програмата за Младински претприемачки вештини, на 17 април се одржа отвореното предавање со Белино Џафа на тема „Финансирање и вреднување на вашиот стартап“. Предавачот го искористи своето искуство во банкарството за да ги поучи учесниците како да ги добијат најдобрите услови кога на претприемачите им е потребна финансиска поддршка од банка.

Онлајн предавање за претприемништво

 

Второ онлајн издание на „ENGAGE Youth“

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на второто онлајн издание на ENGAGE Youth- Kонференцијата за социјален активизам кај младите.

На 27 април, во вторник,  со почеток во 19:00 часот, на платформата за видео комуникација „Зум“, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, иновација и образование, слобода на говор и култура во нивните локални заедници.

Сите заинтересирани за проследување на настанот може да се регистрираат на линкот –
https://forms.gle/omXWwFEjikxhwgzU7

„Со 6 говорници ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за младинци, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме“, велат од Младинскиот образовен форум и Радио МОФ.

Говорници на конференцијата ќе бидат:
Орхан Багашов, млад иноватор,
|Teма „Бионичка рака – фантазија преточена во дело“

Александра Стојаноска, дел од Сојуз на извидници на Македонија
| Тема: Извидници на интернет – Што има да се истражи онлајн?

Млад знак, Младинско здружение за глуви и наглуви
| Тема: Имаме право на знаковен јазик – предизвици и можности за македонскиот знаковен јазик

Маја Наумовска, Црвен Крст при општина Кисела Вода
| Тема: Играта на зборови може да повреди – акција посветена на онлајн врсничко насилство на волонтерите од Црвен крст

Панде Ефтимов и Камелија Каламерникова, артисти
| Тема: Артивизам на терен – претворање на навредливи пароли во активистичка улична уметност

Теодора Милеска, ХЕРА
| Тема: Пополнување на дупките во формалното образование преку неформална едукација

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Преглед на мартовските активности на Младински образовен форум

Младински образовен форум во чии рамки активни се неколку младински програми и тоа дебата, учиме право, медиа/арт, клубови за демократско учество, новинарски клуб и клубови за претприемништво,  направи преглед на своите мартовски активности.

Во рамки на дебатната програма се одржа предавањето „Шар Планина: национален парк или национална мета?“ во соработка со Институтот за комуникациски студии, потоа онлајн предавањето „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“, мастеркласови за критичко размислување и Интернационален дебатен турнир за средношколци.

Онлајн предавањето „Шар Планина: национален парк или национална мета?“, се одржа на 23 март, во склоп на кампањата „Разбистри се“, а на предавањето учесниците се запознаа со кризата со која се соочува Шар Планина во поглед на нејзината борба за да стане најмладиот национален парк на Северна Македонија.

Онлајн предавање за Шар Планина

Онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“, се одржа на 18 март, а на ова предавање двајца студенти од ПМФ на повеќе од 80 учесници им објаснија која е поволноста од рударството, зошто се прави, но и кои се штетите кои рударството го има врз околината.

Онлајн предавање за опасноста од загадувањето и рудници

На 21 март се одржаа третиот и четвртиот мастерклас од младинските пакети, каде што 40 деца се запознаа со поимот критичко размислување и како истиот може да се користи во секојдневниот живот, при восприемањето на медиумски содржини. Додатно, учесниците се запознаа и со историјата на реториката и аргументираното изразување и како може една личност да стане добар говорник. Овој мастерклас е дел од Младинските пакети организирани од страна на Еквалис во соработка со МОФ, Хера и Психотерапика, а поддржани од страна на Фондација отворено општество.

На 27 март се одржи и петтиот, односно последниот од мастеркласовите за критичко размислување, на кое учесниците научија како тоа може да се искористи во секојдневниот живот.

Во текот на месец март, членовите на дебатната програма на МОФ учествуваа на интернационален дебатен турнир во форматот WS организиран од страна на дебатното друштво во Љутомер, Словенија.

Во склоп на програмата „Учиме право“ беа одржани неколку „ЈЕС“ предавања, а во „Europe House Skopje“ се одржа и квизот за работата на Европската Унија и нејзините институции – „Евроквизија“. Истовремено, членовите на оваа програма остварија и посета на Народниот правобранител во Тетово.

Во изминатиот месец членовите на клубовите за Младински претприемачки вештини ги слушаа предавањата за Јавно презентирање и пичинг,  кое беше менторирано од еко активистот Горјан Јовановски, кој е најдобро познат по неговата апликација „Аircare“.

Предавањето по Социјално претприемништво го менторираше Марија Матовска која има долгогодишно искуство во вметнување на социјален елемент во традиционалните бизниси, додека менторка на предавањето за Дигитален маркетинг беше Теодора Филовска која покрај својата меѓународно успешна компанија за маркетинг „Vrootok“ е сопственичка и на Академијата „Галексија“.

Онлајн предавање за социјално претприемништво

Освен редовните предавања, членовите имаа можност и да го проследат отвореното предавање на Софија Богева за „Design Thinking“, која е консултант за иновации, креатор на креативна содржина, design thinking фасцилитатор, тренер и консултант за стратегиски иновации.

Истовремено, над 50 средношколци од целата држава се натпреваруваа на „Евроквизија“ – натпревар за работата на Европската Унија. Во финалето влегоа најдобрите 20 учесници, а првите три места ги освоија Дарко Ефтимов, Марко Ингилизов и Мартина Костадинова. Тројцата победници беа поканети на средба со евроамбасадорот каде неговата екселенција им ги врачи заслужените награди.

Атмосферата на „ЕвроКвизија“

Членовите на почетниот клуб од програмата „Учиме право“ имаа посета на канцеларијата на Народниот правобранител во Тетово. Тие имаа шанса да се запознаат директно со работата на Народниот правобранител како институција за заштита и промоција на човековите права и слободи. Институцијата веќе петта година по ред е отворена за младите и членовите на Младинскиот образовен форум.

 

Од посетата на народниот правобранител во Тетово

Во склоп на програмата за младински активизам се одржа конференцијата за социјален активизам кај младите – „Еngage youth“, онлајн предавањето на тема „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“, а беше објавено и видеото „Имам право на знаковен јазик“.

Во склоп на конференцијата „Engage youth“, млади активисти споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, слобода на говор, технологија и иднината на образование. На настанот учествуваа повеќе од 70 млади луѓе на „Зум“ и стрим преносот на Фејсбук. Конференцијата се одржа на 30 март, на платформата за видео комуникација „Зум“.

Предавањето „Tехники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“го одржаа Ивана Цилевска и Клементина Добревска од „Психеско“. Учесниците на предавањето се здобија со корисни техники и совети за подобро учење и помнење. Дополнително, се дискутираше и за тоа како полесно да се менаџира со онлајн наставата, но и како учениците директно да се справат со стресот од ваквата настава преку примери и дискусија. Предавањето го посетија повеќе од 100 млади луѓе на „Зум“ и стрим преносот на „Фејзбук“.

Видеото „Имам право на знаковен јазик“ има за цел да го потенцира проблемот со кој се соочуваат младите глуви и наглуви лица, да ги повика институциите за одговор на барањата и соодветно решавање на ситуацијата.

Видеото е реализирано од Младински образовен форум, „Млад знак“ и Фондација за демократија на Вестминстер. Видеото доби над  6100 прегледи.

Во склоп на програмата за Истражување, минатиот месец беше промовиран документот „Млади во криза 2.0“, преку кој се анализаат егектите од пандемијата врз младите. Истовремено, во рамки на оваа програма беше упатена јавна реакција во врска со наодите споделени од неколку медиуми поврзани со Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

Преку документот „Млади во криза 2.0“, група младински организации во Агенцијата за млади и спорт споделија препораки до институциите како да се поддржат младите при кризата.

Младинските организации апелираа институциите да ги земат во превид младите како клучна група при носењето на мерки за справување со здравствено-економската криза. Тие препорачаа да се олесни (ре)вработувањето на младите, но и да се поддржат преку поврат на персоналниот данок и ваучери за домашна потрошувачка на оние на кои им се најпотребни.

 

Младинските организации посочија дека образованието на далечина треба да стане достапно и за учениците со попреченост. Кризата и социјалната дистанца влијаат негативно на менталното здравје, за што стручните служби во улиштата мора да обезбедат активности за учениците, а државата да обезбеди сервисни линии за психолошка поддршка и линии за жртви на семејно насилство. Законот за младинско учество и младински политики не треба да чека да заврши кризата, треба да се работи на неговата имплементација, заедно со младинските организации.

Членки на иницијативата „Млади во криза“ се Младински образовен форум, Реактор – Истражување во акција, Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), ХЕРА, Центар за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници, Младински сојуз – Крушево, Еквалис, Психотерапика, ХОПС, Национален младински сојуз на Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и АРНО.

Во рамки на програмата „Истражување“ при МОФ, беше упатена јавна реакција во врска со наодите споделени од неколку медиуми поврзани со Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

Реакцијата може да ја прочитате тука.